Фото: Февруарски Голачки убавини

Делчевската планинска убавица и денес беше прибежиште за голем број граѓани кои ги наполнија белите дробови со чист планински воздух уживајки во зимската сончева идила на Голак.

За дечињата снегот беше неизмерна радост, а за нивните родители вистинско прекрасна можност да се одбегнат секојдевните укори околу предолгото држење на мобилните телефони во раце.

Сепак токму мобилните телефони беа тие кои успеаа да ја доловат прекрасната снежна белина и уживањето во претпоследната недела од месец февруари 2021 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*