Одржана панел дискусија во Берово како дел од караванот ,,Учи паметно, работи стручно”

Министерката за образование и наука, Мила Царовска денеска во Берово имаше продуктивна консултативна средба со претставници од локални компании, општините и средните стручни училишта од Берово, Пехчево, Делчево и Македонска Каменица. Средбата како што рече Царовска е дел од процесот „Учи паметно, работи стручно”, чија основна цел е да се идентификува потребата од отворање на одредени профили и паралеки, во средните стручни училишта, во градовите, низ државата од идната година, кои ќе одговараат на потребите на пазарот на труд.

-Овие средби се организираат со цел да се воспостави успешна реформа во училиштата, да се врати довербата и компаниите да ги отворат вратите на училиштата, каде што учениците ќе можат практично да учат. Понатаму, ќе се формираат дуални паралелки, кои треба да покажат продуктивност. За моделот да биде успешен планирано е стипендирање за технички струки, со што учениците ќе бидат мотивирани да се запишуваат на истите, рече Царовска.

Работилницата ја отвори домаќинот, градоначалникот Звонко Пекевски кој го посочи интересот за угостителско туристичката струка во Берово, додавајќи дека соработка е остварена и во текстилно-кожарската и во дрвно преработувачката струка.

Градоначалниците на Македонска Каменица, Делчево и Пехчево ги истакнаа состојбите на локално ниво, ставајќи акцент и поздравувајќи ја идејата на МОН за овој концепт, кој ги вклучува сите инволвирани страни, кој на долг рок, би требало да даде видни резултати и унапредување на процесот на стручно образование.

На самата средба, се отвори дискусија и имаше можност да се слушне, со какви проблеми, се соочуваат компаниите, какви се реалните потреби на пазарот на труд и кои стручни профили им се потребни.

Во периодот што следи, директорите на средните училишта, ќе имаат задача, врз основа на денешната средба, во рок од 5 до 7 денови, да поднесат барање до МОН, кои профили ќе ги верифицираат.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*