Средните стручни училишта од истокот подготвени за соработка со компаниите

Концептот „Учи паметно, работи стручно“ ја отвори вратата за дијалог помеѓу компаниите кои се соочуваат со недостиг од работници и средните училишта од крајниот Исток.

Директорот на делчевската гимназија „Методи Митевски – Брицо“, Љупчо Прачковски, смета дека самиот факт што веќе почна да се зборува на оваа тема, е првиот чекор за надминување на овој проблем. Според него соработката помеѓу компаниите и средните училишта треба да се зајакне во насока на поголемо остручување на учениците, преку поголема вклученост  во практичната работа со компаниите.

-Знаете дека во нашата гимназија имаме прехранбена и текстилна стручна паралалека, а во зависност од тоа какваи се потребите на стопанството  ќе се потрудиме да отвориме и некој друг вид паралелки. За мене во таа насока еден од најбитните моменти е тоа што насе разговараше за тоа колку младите на возраст од 14 до 18 можат да се вклучат во практичниот дел од работата во компаниите. Ако нашите ученици почесто ги посетуваат фрмите и учествуваат активно во процесот на работа ќе придонесе за негова подобра подготвеност при вклучувањето на пазарот на трудот, истакна Прачкоски.

Во училиштатата како што додава тоа би било остварливо преку намалување на  теоријата и зголемување на практичниот дел во наставата.

-Со тој начин на работа и теоретскиот дел од кај нас, самите бизнисмени ќе имаат готов производ и по завршувањето на нивното средно образование тие ученици директно ќе можат да се вклучат во процесот на работење. Ако ова се постигне голем број од нашите млади луѓе директно ќе си најдат егзистенција и ќе бидат дел од општеството. 

Од средното училиште во Делчево додадоа дека остануваат отворени за соработка со сите компании, со кои дијалогот за надминување на проблемот со недостиг на ученици во стручните паралелки би се одвивал согласно насоките на Министерството за образование и наука.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*