Претседателот на Унијата на млади сили при ВМРО ДПМНЕ, Кристи Стојковски во изјава за медиумите денес информираше дека поради голема заинтересираност на граѓаните на Делчево, давањето поддршка во рамки на граѓанската иницијатива „Стави го твојот потпис, за вистински попис“ ќе продолжи на два штанда поставени за таа намена.
Стојковски во изјавата, за претстојниот попис потенцираше дека најдобра варијанта според партијата е пописот да не биде политичка туку статистичка операција и истиот како што додаде треба да се одржи во периодот април-мај 2022 година.

-Граѓаните во Делчево покажаа национално чувство, масовно се попишуваат и затоа бидејки граѓаните се заинтересирани, одлучивме од денес да бидеме присутни на два штанда со почитување на мерките за заштита од Ковид-19. Во врска со самата операција знаеме дека ВМРО ДПМНЕ поднесе 40 амандмани од кои ниту еден не беше прифатен, спорен е и начинот на кој директорот на Заводот за статистика, заедно со неговиот заменик имаат врзан потпис, што докажува дека се намалува кредибилитетот на целиот процес. Знаеме дека во соседните земји се одложи пописот. Ние апелиравме дека сега нема услови за негово одржување и затоа предлагаме да се одржи во април-мај 2022 година за да биде кредибилен во што сите граѓани ќе веруваат, да не биде политичка операција, туку да биде статистичка операција. Како партија предложивме пописот да биде електронски, но власта и тоа не го прифати, бидејки тие се за политички попис не се за статитскичка операција. Во меѓувреме од ДУИ почнаа да лицитираат со бројки, па и со проценти, но ние инсистираме и апелираме до власта да се откаже од овој закон и да се организира внатре државна дебата, со што сите чинители ќе бидат вклучени во пописот, додаде Стојковски.

Пред претстојните локални избори како одговор на прашањето, дали веќе се лицитира со имињата на кандидати за градоначалници, Стојковски додаде дека на претстојните локални избори ВМРО ДПМНЕ ќе излезе со кандидат за градоначалник кој ќе биде чесен, искрен препознатлив во општеството и ќе извојува победа во Делчево.
Изјавата на претседателот на Унијата на млади сили и член на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ во продолжение:
Leave a Reply