Делчевската гимназија ќе ја пренаменува малата спортска сала во конгресна сала за потребите на учениците. Со реализација на оваа идеја како што истакна директорот Љупчо Прачковски ќе бидат овозможени подобри услови за реализирање на културно-забавните активности подготвени од учениците.
-Бидејки располагаме со голема спортска сала, малата спортска сала сакаме да ја пренамениме во конгресна сала во која учениците ќе приредуваат различни видови приредби, концерти и забави, а во исто време е предвидено истата да послужи и за одржување на различни видови на семинари и предавања, рече Прачковски.

Салата како што додаде ќе има мултифункционален карактер и ќе може да се користи и од страна на играорни и драмски друштва.
-Во таа конгресна сала ќе ги има сите услови, за да може да биде ефективно искористена, со цел да се подготвуваат сите кои сакаат да бидат дел од културно забавниот живот во општината, додаде Прачкоски.
Реконструкцијата на спортската сала како што додаде ќе започне наскоро и додаде дека во исто време гимназијата аплицирала за целосно реконструирање на санитарниот чвор, кој до крајот на месец март годинава е предвидено целосно да биде променет.

Leave a Reply