На планината Голак во Делчево одбележани 77 години од успешното изведување на Февруарскиот поход. Во рамки на прогодната свеченост по тој повод, делегација од општинатата предводена од градоначалникот Горан Трајковски, делегација од општинскиот Совет, предводена од претседателот Драган Маневски, претставници од политички партии, институции, здруженија на граѓани се поклонија и свежо цвеќе положија пред спомен-обележјето поставено во чест на Февруарскиот поход на планината Голак.
Членови од КУД „Гоце Делчев“ преку рецитал потсетија на историските факти кои го одбележаа овој стратешки поход изведен во 1944 година и борбените операции на Третата борбена единица во регионот на Голак, Беласица, Плачковица и Осогово, потенцирајки го големото политичко и воено значење за текот на НОВ во Македонија.

Поради ковид-пандемијата, годинава не се организираше традиционалниот планинарски марш.
Leave a Reply