Почитувани сограѓани Синоќа, на полноќ, заврши постапката за ажурирање членови на СДСМ и активна регистрација за претстојните внатрепартиски избори за Претседател на СДСМ. Во лично име, се заблогадарувам на сите членови на ОО СДСМ Делчево кои го ажурираа своето членство и се регистрираа како гласачи за претстојните внатрепартиски избори на СДСМ.
Воедно сакам да се заблагодарам и на Општинската Комисија на СДСМ Делчево, претседателите на М.О и сите членови на тимовите, кои изминатите 30ина дена беа континуирано на терен, за сработеното и ангажманот, со што се ажурираа вкупно 1244 членови на ОО СДСМ Делчево. Со тоа ОО СДСМ Делчево ја изградивме во најмногубројната, најдобро организирана и најмоќната политичко-партиска организација, која функционирала на територија на општина Делчево во плурализмот.
Почитувани, Социјадемократскиот сојуз на Македонија е државотворна партија, која постојано се менува и подобрува. СДСМ докажува дека е прогресивна и модерна европска партија, која поставува највисоки демократски стандарди. За прв пат во државата претседател на партија ќе се бира на внатрепартиски непосредни избори, што претставува врв на внатрепартиската демократија.
Процесот за избор на претседател на СДСМ, на 21 Март ке биде реализиран по највисоките демократски и организациски стандарди. Благодарам и останете во добро здравје.
Leave a Reply