
Општина Делчево излезе со одговор по реакцијата и прашањето на Левица Делчево кои побараа одговор каде завршиле 100 илјади денари наменети за најдобрите средношколци во 2020 година.
Од општината посочија дека поради ковид-19, наградното патување за најдобрите средношколци е одложено, а на најдобрите матуранти во месец октомври 2020 година им се исплатени 200.000 денари, додека останатата сума е уплатена на име персонален данок.
-Општина Делчево секоја година во Буџетот предвидува средства во висина од 300.000 денари наменети за наградно патување на најдобрите 10 матуранти во СОУ „М.М.Брицо“, како една од мерките за стимулирање и постигнување подобри резултати во образовниот процес на делчевските средношколци. Во 2020 година, поради пандемијата од ковид 19 и неможноста да се реализира наградното патување, Советот на Општина Делчево на Седницата одржана на 20 мај донесе Одлука, планираните средства за наградно патување, да бидат тргнати од ставката патување во странство, а на 10-те најдобри матуранти да им се исплатат парични средства за награда на талентирани ученици во висина од 20.000 денари. Врз основа на таа Одлука и по извршениот Ребаланс на Буџетот за 2020 г, на најдобрите 10 матурантите на жиро-сметките, во текот на месец октомври, им се исплатени 200.000 денари, а 22.000 денари се уплатени на име персонален данок, се вели во одговорот на Општна Делчево.

Leave a Reply