Венета Димитровска од Делчево е една од многуте добитници на електричен тротинет од инстант лозот Еко скутер.
Среќната добитничка заедно со нејзините два сина ја подигна добивката од регионалната благајна на Државна лотарија во Кочани, каде што ја раскажа и среќната приказна.
Имено, Венета враќајќи се од работа, од продажното место „Смартекс“ купила два пакети Еко скутер 5 + 1 како подарок за нејзините деца. Среќата се насмеала на помалиот син кој ги открил 3те симболи на Еко скутер.
Добитниците од Делчево се пофалија дека сега ќе ја предизвикаат среќата со најдомаќинскиот инстант лоз на Државна лотарија, Доме, сладок Доме.
Leave a Reply