Луѓе и верувања: Оревовото дрво, лек против разни болести!

Делчевецот Страшо Димитровски е роден 1952 година и од пред 3 години е пензионер. По пензионирањето го крепи работата на неговиот имот кај местото Брежје каде се наоѓа неговата вила и посед со многу садници и 15 годишен стар орев.

Оревите за Димитровски имаат посебна вредност. Во име на старите верувања, еден од оревите кои ги посадил чичко Страшо го наменил за спас на населението од разни болести.

Голема беше неговата желба за тоа да слушне населението, па при неговото објаснување за лековитоста на оревот, тој ја објаснува суштината за спас од разните болести. Според него, кога порано владеела „чумата“, луѓето ги спалувале кај местото „Могила“, а само оние кои поминувале под корените на оревите, се спасиле од болеста.

Сепак чичко Страшо силно верува во медицината и кога ќе му дојде ред, како што вели, ќе биде меѓу оние кои ќе се вакцинираат против коронавирус.

Приказната на чичко Страшо Димитровски може кој како сака да ја сфати, но неговата желба ова да го сподели со јавноста му ја исполнивме.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*