Вкупно 56 крвни единици собрани во рамки на крводарителската акција во Делчево

Вкупно 56 крвни единици собрани во рамки на денешната крводарителска акција со хуманите граѓани од Делчево. Крводарителот Дарко Гоцевски иако почнал случајно да дарува крв, денес по 20 пат ја испружи раката и подари од животворната течност.

-Ова ми е 20 пат како давам крв, почнав случајно и добронамерно, се надевам дека здравјето ќе ме служи и ќе продолжам и понатаму да дарувам. Порака до младите да бидат активни да спортуваат и да даваат крв, бидејки така го обновуваме организмот, вели Гоцевски.

Со редовното дарување крв, како што истакна Д-р Милан Поповски од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје се подобрува дефицитот кој се јавуваше како резултат на корона пандемијата.

-Тоа е течност која живот значи за многу пациенти, поготово во услови на пандемија, бидејки едно време се соочувавме со намалени залихи на течност. Еве денеска во Делчево во просториите на Црвен крст се одржува традиционална крводарителска акција која се одвива секој прв четврток во месецот. И претходните се доста успешни исто како и денешната, за која има голем интерес поготово од женската популација, рече Поповски.

За утре според планираното крводарителска акција е најавена со редовните крводарители од Македонска Каменица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*