
Вкупно 4 доктори и 4 медицински сестри од Делчево денес ја примија првата доза вакцини против ковид-19.
-Апликацијата на вакцината не е болна, кај дел од здравствените работници имаше болка во смисла на затегање на местото на убод, но кај ниту еден од нив не е утврдена никаква негативна реакција, истакна Д-р Соња Мавродиева Георгиевска, координатор на ЗПЛРМ, Делчево.
Додаде дека веќе им е закажана и втората доза од вакцината за што веќе имаат уредно известување кога истата ќе биде реализирана.
За дел од здравствените работници, поради оправдани причини, како што додаде координаторката на ЗПЛРМ, вакцинацијата е презакажана.





Leave a Reply