
До 15 април најавено решавање на проблемот со оштетениот мост во пехчевското село Умлена. Градоначалникот Драган Тренчовски информираше дека при крај е изработката на техничка документација, по што според неговите очекувања проблемот со оштетениот мост наскоро ќе биде решен.
-Веднаш изработивме техничка документација која треба да биде готова наредната недела, по што ќе следува ревизија и одобрение за градба. Потоа ќе се оди на тендерирање, за да биде изберен изведувач и да можат работите да почнат на терен. Очекуваме до 15 април годинава да се реши проблемот и да биде извршена санацијата на мостот, истакна Тренчовски.

Сепак жителите на Умлена и денес во близина на мостот го изразија својот револт велејќи дека заедно со жителите од соседното село Робово се заборавени од надлежните.
-Тука е опасно за секој човек, за нас оти го знаеме проблемот не е толку опасно оти внимаваме, но за некој што ќе дојде од страна е опасно. Ако не се преземе нешто со мостот преку Робово ќе треба да одиме, но ве покануваме и таму да отидете да направите една репортажа, да го видите во каква состојба е патот, Моментално најлоши села не само овде туку и во цела Македонија се селата Умлена и Робово, вели Ванчо Каракашовски.

Жителите не мешаат партии за проблемот, додаваат дека ниту СДСМ, ниту ВМРО ДПМНЕ во последните 15 години не се залагале доволно за подобрување на жителите од руралните средини.
Видеото погледнете го тука
Leave a Reply