
„Жените не се само бројки, ниту процент“ е мотото под кое денеска Јавната локална библиотека „Илинден“, Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените при општина Делчево, и Советот за социјална заштита при општина Делчево, со организирање трибина на оваа тема го одбележаа Меѓународниот ден на жената 8 март.

Во рамки на настанот како што информираше Биљана Петровска, директорка на ЈЛБ „Илинден“ присутните дебатираа за родовата еднаковост помеѓу мажите и жените, жената во јавните политики и воопшто улогата на жената во општеството.

-На овие теми не се зборува само на 8 март, туку се зборува, работи и дејствува секој ден, но ние сепак одлучивме дека со овие теми на најдобар начин ќе го одбележиме денот на жената, 8 март. ЈЛБ „Илинден“ можеби нема директна поврзаност со овие теми и не работи на нив, но ако се земе во предвид фактот дека од вкупно 580 членови, 450 се жени, тогаш чувствуваме потреба гласно да размислиме толку на овие теми. Библиотеката и понатаму дава поддршка на Советот , Комисијата, но и на сите проекти, иницијативи, било какви настани и случувања кои ја третираат родовата еднаквост, и улогата на жената во јавните политики. Од име на ЈЛБ„Илинден“, на сите припаднички на понежниот пол, Честит 8 март меѓународниот ден на жената, да сме живи и здрави и никогаш да не заборавиме, ние сме тие што до создаваат и движат светот, светот без нас не може, рече Петровска.
Во Делчево во управувачките органи на локалните институции има 21 жена наспроти 8 мажи, а на раководни функции во општинските институции се назначени 3 жени наспроти 4 мажи. Ова покажува декаените не се само бројки ниту проценти, истакнаа учесничките на трибината организирана по повод Меѓународниот ден на жената од Комисијата за еднакви можности на Општина Делчево, Јавната локална библиотека „Илинден“ и Советот за социјална заштита на која учествуваа нивните членки, како и пратеничката во Собранието на РСМ, Соња Михаиловска.
Жените денеска дискутираа за состојбата на родовата еднаквост во Делчево и социјалните политики, проблемите во социјалната сфера и семејното насилство, но и улогата на жената во јавните политики.
За родовиот концепт низ призмата на законите, еднаквоста во правата и слободите и еднаквото вреднување на постигнатите резултати зборуваше Весна Димитровска, професор по социологија во СОУ „М.М.Брицо“, додека за семејното насилство како честа форма на насилство на која најмногу се изложени жените, зборуваше Маријана Стоименовска, претстедател на Советот за социјална заштита на Општина Делчево која истакна дека мрежата на достапни услуги за помош и поддршка на жртвите претставува предуслов за елиминирање на насилството.
Сепак, евидентен е напредокот кој во последните децении е остварен на полето на рамноправноста, но положбата на жените во многу сегменти во општеството и денес не е изедначена со онаа која ја имаат мажите, потенцираше координаторката на КЕМ на Општина Делчево, Сузана Петровска, која се осврна на значењето од функционирањето на Комисијата за еднакви можности.
– Комисијата е битна алка во овој синџир на институции кои ја третираат родово одговорната политика и женските активи при политичките партии. Кај нас во Делчево сè уште нема женска НВО, што е голем хендикеп за Општината. Многупати апелираме еве и денес ќе кажеме дека жени од сите политички партии и националности треба да се обединат и да се формирајте силна НВО, која ќе се бори за нашите заеднички права. Во таа насока од голема помош ќе ни бидат веќе етаблираните жени политичарки и активистки за женските права, истакна Петровска.
На полето на родовата еднаквост, Општина Делчево е една од ретките општини кои ја имаат потпишано Европската повелба за рамноправност на жените и мажите во локалните заедници, а со помош на НВО КХАМ, Општина Делчево има подготвено Стратегија за родова рамноправност за регионот Делчево, Берово и Пехчево, Акциски план за спроведување на таа Стратегија, а КЕМ редовно изработува годишна програма за еднакви можности на жените и мажите и сл.
Во продолжение изјавата на Петровска и излагањето на останатите учесници во трибината:
Leave a Reply