Почетокот на градежната сезона ги забрза проектите предвидени за реализација во Берово

Почетокот на градежната сезона ги забрза плановите за проектите предвидени за реализација во Берово во тековната 2021 година. Како е ден од најприроритетните со кој ќе се овозможи изградба на улици во должина од 9 километри, беровскиот градоначалник го напомена проектот „Македонија без кал“, преку кој ќе се градат улици во село Двориште.

-Прв проект би бил проектот „Македонија без кал“ финансиран од Светска банка, преку кој ќе се овозможи изградба на улици во Двориште во должина од 9 километри. Средствата за реализација на оваа активност се во висина од 30 милиони денари и ова ќе значи подобрување на квалитетот на живот на жителите од едно живо село, каде во моментот има 100 ученика, рече Пекевски.
Како втор позначаен проект беровскиот градоначалник го напомена проектот за изградба на примарна и секундарна водоводна мрежа во населбата Беровско Езеро.

-По претходно добиениот изработен проект за филтрирање на чиста вода за пиење преку новоизградената примарна и секундарна водоводна мрежа ќе дојде до крајните корисници. На тој начин ќе се овозможи подобрување на туристичките услуги и обезбедување чиста вода за пиење за жителите од оваа населба, додаде Пекевски.

Освен во туристичката населба и селските средини преку програмата за локални патитша и улици, како што додаде, во тек е постапка за избор на најповолен понидувач и склучување договор за изградба на неколку улици во градот Берово.

-Станува збор за изградба на улицата број  5, улицата Георги Димитров и крак од истата во градот Берово. Исто така во тек е постапка за распишување тендер за изградба на улицата бр 7 во Берово и улицата бр 2 во село Русиново кои ќе се градат со средства од општинскиот буџет, додаде Пекевски.

Преку програмата за работа на Источно-плански регион во Берово се планира и изградба на улица во населбата Беровско езеро со што како што додаде првиот човек на градот ќе се подобри патната ибфраструктура во самата населба.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*