Се уредуваат селските чешми во Делчевско

Во селото Габрово, започна акцијата за уредување на селските чешми која ќе се спроведува во неколку населени места во Општина Делчево. Акцијата за уредување на селските чешми, како што информираа од општината е на барање на жителите, а работите ги изведува Јавното комунално претпријатие „Брегалница“, како редовна активност предвидена во програмата за работа.

-Селските чешми се најпосетувани места во едно село, тука обично се собираат повозрасни жители за разговор, но и помлади за игра. Затоа, чувствуваме обврска да го уредиме овој простор и да направиме соодветно катче, кое ќе одговара на потребите на жителите, а воедно со оваа интервенција ќе се преземат мерки и да се сопрат загубите на вода, истакнаа од Општината.

Уредувањето на селските чешми, како што додадоа предвидува уредување на просторот околу чешмите, обложување со камен и поставување урбана опрема. 

-При посетата остваривме и средба со жителите на Габрово на која се разговараше за актуелните проблеми и иницијативи на жителите кои се во насока на подобрување на квалитетот на животот на жителите во ова населено место во Делчево, додадоа од Општината.

Во акцијата за уредување на селските чешми, како што додадоа освен село Габрово ќе биде опфатено и село Вирче. Претходно во заедничка акција со мештаните започна уредување на селската чешма и во делчевското село Град.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*