Најстариот жител на Делчево го прослави 101 роденден

Баба Спасена Димитровска е родена на 12 март 1920 година во Лисичарско Маало во село Киселица, а поголем дел од животот го поминала во село Илиово. Има пет внуци и шест правнуци кои раскажуваат дека водењето здрав начин на живот е најголемата тајна на нејзината долговечност.

Баба Спасена денеска го прослави својот 101-ти роденден и со тоа се вброи во една од ретките жени кои дочекале живот долг над еден век.

Во нејзиниот животен век, нејзините најблиски минатата година истакнаа дека на лекар одела ретко, водела здрав живот каков што воделе постарите жители на овие простори. Работатата во село и здравата храна ја одржувала, а сега претежно консумира лесна храна.

Иако најголем дел од животот го поминала во село Илиово, денес живее во градот Делчево со потесното семејство кое и годинава ја изненади со роденденска торта.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*