
Од денес и официјално започна со работа канцеларијата на пратеничката Соња Михаиловска. На својот фејсбук профил Михаиловска истакна дека канцеларијата ќе има основна намена за контакт со граѓаните на Делчево, но и поширокиот регион на Пијанец и Малешевијата.
-Како пратеник, и лекар по професија, постојано сум во комуникација со граѓаните, но сметам дека постоењето на една ваква канцеларија ќе значи и подобро организирана директна комуникација со граѓаните, верувам на задоволство на сите. Канцеларијата за контакт на пратениците со граѓаните е многу значајна алатка за комуникација со електоратот, а воедно се создаваат и услови за приближување на пратениците со граѓаните во текот на целиот мандат, истакна Михаиловска.

Канцеларијата се наоѓа во старата собраниска зграда во Делчево, а истата како што стои во објабвата ќе биде отворена секој работен ден од 12:00 до 17:00 часот, при што средбите ќе се одржуваат во петок.
Средбите претходно граѓаните можат да ги закажат кај асистентката Ивана Глинџарска или на телефон 070 952 662.

Leave a Reply