Шахпаска: Податоците од пописот се неопходни за креирање политики во интерес на граѓаните

Пописот e најмасовна, најобемна, најверодостојна статистичка и во никој случај политичка операција, која претставува важен индикатор за состојбата во која се наоѓа населението, смета министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Овие податоци од попист, нагласува, се потребни за да може Владата, но и Министерството со кое раководи да креираат политики кои ќе одговорат на потребите на граѓаните.

– Пописот е статистичка операција, а не политичко прашање. Ние како држава 20 години немаме основни податоци кои ни се неопходни, нам како Влада, а особено како Министерство за труд и социјална политика. При креирањето на нашите политики и носењето законски решенија и носењето одлуки кои треба да одговорат на потребите на граѓаните потребно е да ја знаете структурата на граѓаните. За нас е битен бројот на вработени, колкава е невработеноста, колкав е процентот на вклученоста на жените на пазарот на труд, колкав е процентот на еднородителски семејства, колку се корисници на гарантирана минимална попмош, колку од нив се вешти за да можат активно да се вклучат на пазарот на труд, рече Шахпаска.

Таа е уверена дека со почитување на протоколите за заштита од пандемијата попишувањето не е ништо поризично отколку нашите секојдневни активности, одење на работа, пазарување храна, одење на лекар.

– Сите попишувачи кои поминуваат низ регуларната обука со која треба да бидат обучени како треба да го спроведуваат попишувањето секако дека имаат дополнителна обука во делот на протоколите и заштитните мерко – да носат заштитна маска, визир, дезинфекциски средства, да носат ракавици. На тој начин штитејќи се себе си ги штитат и граѓаните кај кои одат на попис, рече министерката Шахпаска по посетата на Дневниот центар за лица со попреченост во Берово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*