Анкета: Ставот на Беровчани за ефектот на полицискиот час и вакцинацијата против корона вирусот

Повозрасните беровчани генерално ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, за разлика од помладите кои не носат маски. Ова е ставот на дел од анкетираните граѓани кои велат дека треба да се воведе целодневен полициски час во траење од три недели.

-Што да се каже еве гледате, полицијата носи маска, но останатите никој не носи. Особено младите еве погледнете никој не носи маска. Според мене полициски час треба да има по цел ден и тоа три недели, вели граѓанин на Берово.

Медицинските работници кои учествуваа во анкетата истакнаа дека мнозинството граѓани на Берово ги почитуваат мерките за заштита. Околу вакцините велат дека ќе ја почитуваат секоја одлука донесена од страна на Министерството за здравство

-Во мнозинство беровчани ги почитуваат мерките, воведувањето полициски час е добра одлука, ама треба и преку ден да има. Во однос на пандемијата мислам дека ќе трае уште една година. Како здравствен работник ги почитувам правилата и одлуките и на Министерството и на министерот и затоа мислам дека било која вакцина што ќе се набави, ќе биде добро, но пред се треба да ги почитуваме мерките, истакна здравствена работничка од Берово.

Дел од анкетираните беровчани велат дека ретко излегуваат и затоа не можат да кажат колку и дали се почитуваат мерките. Во однос на вакцините велат дека кога ќе им дојде редот ќе се вакцинираат, но има и такви кои ќе размислат.

Околу полицискиот час затоа што има многу заразени велат дека треба да се почитува и да започне од 19 часот. Само на тој начин како што додаваат ќе се спречи ширењето на заразата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*