Мирче Ѓеоргиев предводник на РК „Делчево“ во победата над РК „Риниа“

Прва победа на ракометнито клуб „Делчево“ во рамки на плеј-аут разигрувањето од првата ракометна лига на Македонија.

Во третото коло делчевци беа подобри од тимот на РК „Риниа“ совладувајки го со 37:34.

Ако во првите две кола од плеј-аутот немаа доволно спортска среќа во третиот натпревар со дисциплинирана игра, нашите ракометари покажаа дека имаат квалитет за опстанок во прволигашкото друштво.

Според информациите кои ги добивме Мирче Ѓеоргиев со 14 погодоци е најефикасниот поединец во екипата од Делчево, додека закалагањето на сите ракометари било клучно за првата победа во плеј-аут натпреварите.

Честитки за јунаците на РК „Делчево“ на кои и мпосакуваме нова победа веќе во следното коло кое го играат на домашен терен.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*