Делчевските советниците ја усвоија завршната сметка и годишниот извештај на Општина Делчево за 2021 година. Во рамки на седницата раководителот на Одделението за финансии, Шабан Багашов го презентираше извршувањето на приходите во општинскиот буџет кој изнесува 88 проценти, односно од вкупно планираните 302,1 милион денари, приходите се реализирани во износ од 265,4 милион денари.
-Од нив, во Основниот буџет, од планирани 78.677.000 денари , се реализирани 72.073.000 ден. или 92%. Во Буџетот на дотации од планирани 173,505,900 денари реализирани се 160,025,395 или 92%, во Буџетот на донации од планирани 6,927,000 реализирани се 5,767,188 ден. или 93% и во Буџетот на самофинансирачки активности од планирани 16,367,000 реализирани се 6,475,074 денари, или 33,4 %. Капиталните приходи се наплатени во износ од 4,472,287 ден. од вкупно планирани 4.105.000 ден. или 108 % , истакна Багашов.
Вкупните расходи за 2020 г. како што додаде биле планирани во износ од 302.113.900 ден.
-Од нив се реализирани 263.140.000 ден. или 87 %. Вкупниот износ на платите во однос на вкупно реализираните расходи изнесува 19%, процентот на реализација на стоки и услуги е 25%, додека износот на реализираните капитални расходи во однос на вкупните расходи во основниот буџет е 35%, а во однос на планираните капитални расходи, реализирани се 77,4%. Во делот на капиталните расходи пак, процентот на реализација на други градежни објекти во однос на вкупните реализирани капитални расходи е 84% . Капиталните расходи се реализирани во износ од 27.360.359. од планираните 31.065.000 и најголем дел од нив се исплатени за реконструкција на улици и патишта, изградба на капела, за изготвување проекти за изградба или реконструкција на улици и патишта и надомест за одземен имот.
Во рамки на 51 Седница на делчевскиот совет беа усвоени и завршните сметки на трите воспитно образовни институции и Јавната локална библиотека „Илинден“, а советниците донесоа и одлука за утврдување на бројот на ученици за упис во прва година во учебната 2021/22 во гимназијата „М.М.Брицо“.
-За следната учебна година предвидено е запишување на 170 ученици во 5 паралелки во гимназиска насока, а во стручното образование, за текстилно-кожарската струка за насоките техничар за изработка на облека и за техничар за моделирање облека, предвидено е формирање по една паралелка од насока со по 34 ученици. Исто толку ученици за една паралелка и за струката прехрабен техничар, истакнаа од гимназијата во рамки на седницата.
На 51 седница делчевските советници ги усвоија и измените на годишните планови за вработување на Општина Делчево и Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ за 2021 година.
Leave a Reply