Лидерот ФК „Брегалница“ Делчево со победа над ФК „Карбинци“ го започна пролетниот дел во Третата фудбалска лига – Исток

Фудбалскиот клуб „Брегалница“ Делчево која е лидер во источната конкуренција во Третата фудбалска лига,со победа го започна пролетниот дел од сезоната во ова натпреварување. Во возбудлив и тврд натпревар во Делчево совладана е екипта на ФК „Карбинци“ со 2:1.

За Стефан Филиповски, фудбалер на домашната екипа победата е мошне значајна, бидејки делчевци недоволно подготвени го започнале пролетниот дел од сезоната.

-Игравме против добро подготвена екипа, која веќе тренира два месеци за разлика од нас, која недоволно подготвено го дочека почетокот на сезоната. Почнавме подоцна и не сме доволно спремни, за почетокот на првенството сме подготвени н ода ја задржиме првата позиција мора уште многу да работиме, рече Филиповски.

Во следното коло делчевци на домашен терен ја пречекуваат екипата на Василево.

-Среќна околност е што следната недела повторно играме дома со екипа која ја совладавме на гости. Очекуваме победа и впо натпреварот на домашен терен, додаде Филиповски.

Со новата победа делчевска Брегалница останува на првата позиција на табелата со 31 бод од 13 натпревари. На останатите натпревари од 12 коло во Третата фудбалска лига Исток се постигнати следните резултати:

Брегалница – Карбинци 2:1

Овче Поле – Малеш 2:1

Детонит – Спартмани 11:0 прекин во 60 м.

Тиверија – Чешиново 2:0

Хоризонт – Раклиш 5:0

Василево – Работник 0:4

Табела

  1. Брегалница 31
  2. Детонит 29
  3. Овче Поле 27
  4. Хоризонт 25
  5. Малеш 22
  6. Спартмани 16
  7. Чешиново 14
  8. Карбинци 13
  9. Тиверија 13
  10. Раклиш 8
  11. Работник 7
  12. Василево 3

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*