МВР Билтен: Во Делчево приведена 44 годишна Бугарка по напад врз невенчаниот сопруг

Четириесет и четиригодишна Бугарка со привремено живеалиште во Делчево е приведена по напад врз нејзиниот невенчан сопруг. Настанот го потврдија од делчевската шолиција од каде информираат дека веднаш по пријавата 44 годишната жена била задржана во полициската станица.

-На 16.03.2021 во 22.00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево ја лишиле од слобода Б.Д.В.(44) од Република Бугарија, со привремено живеалиште во Делчево, бидејќи претходно со остар предмет се заканувала на нејзиниот невенчан сопруг и неговите родители. Лицето е задржано во Полициската станица Делчево за понатамошна постапка, се вели со изјавата од полицијата во Делчево.

Во текот на вчерашниот ден Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Р.(34) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. На 11.03.2021 во 23.45 часот, во време на забрана на движење на лица од 22.00 до 05.00 часот, полициски службеници го затекнале пријавениот на ул.„Плачковица“ во Делчево без дозвола за движење.

https://mvr.gov.mk/izvadok-od-dnevni-nastani/2175

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*