Со посета на АД „Фротирка“, Трајковски ја започна серијата средби со делчевските стопанственици

Делчевскиот градоначалник Горан Трајковски на својот официјален профил на фејсбук објави дека започнува со реализацијата на планираните средби со стопанствениците од Делчево. Првата ваква активнсот Трајковски ја реализираше со посета на еден од најпознатите македонски, европски и светски брендови АД „Фротирка“.

„Денеска ја посетив делчевската фирма АД „Фротирка“ при што имав работен состанок со директорот на АД „Фротирка “, Дејан Станков, на кој разговаравме за актуелните состојби во стопанството и предизвиците на работа во услови на ковид 19.

Делчевската „Фротирка“ е една од фирмите кои користеа дел од антикризните мерки на Владата- субвенционирање на платите на вработените, мерка која овозможи да се задржат сите вработени во оваа фирма, а фирмата, овој тежок период, го искористи за реорганизација и максимално искористување на ресурсите.

„Фротирка“ е бренд на Делчево, фирма во која има целосно заокружен производствен процес и пласман во повеќе земји“, истакна во објавата на фејсбук градоначалникот на Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*