Фото и Видео: Еко-акција на Pathfinders на Беровско Езеро

Еко акција во најлоши услови за работа, а резултатите?… Иако со потешкотии, поради снегот, Здружението на граѓани ,,Патфајндерс” имаа успешна акција и покажаа како треба да се управува во природата, а на посетителите и гостите им покажаа колку е лесно и забавно да биде чисто и да биде средено. Доколку нивниот пример го следат повеќе луѓе, светот би бил почист а сите ние посреќни.

-Резултатите се очигледни и достигната е целта која ја поставивме. 20-тина авантуристи, екологисти и активни граѓани, успешно спроведоа еколошка акција на локалитетот Беровско езеро. Ниту снегот, ниските температури и лошите временски услови, не ги спречија 20-тината вљубеници во природата, кои по повод денот на пролетта, под мотото ,,Чиста Малешевија – Како што и доликува” , викендот во Берово, успешно реализираа еколошка акција, на локација покрај Беровското езеро.

Организатор на акцијата беше Здружение за планински спортови, туризам и млади Патфајндерс, со поддршка од Општина Берово, Сити Паб Берово, и спонзорство од Gala Nuts 2015, Аурора ресорт и спа. И покрај временските неприлики, ентузијастите упеаа да исчистат, околу кружната патека околу езерото, паркингот кај поранешниот ресторан и парковите во околината како и каналот за атмосверска вода долж пешачката патека, истакнаа од Патфајндерс.

Од Општина Берово, упатија јавна благодарност, до сите кои се вклучија во акцијата и придонесеоа, денот на пролетта да биде одбележан со еко настан.

-Поддршка од Општина Берово со вреќи за отпад и ракавици, посетеност само од еден член што искрено не беше очекувано. За тимот од City pub Berovo кој изненади со присуството и со ангажираноста околу акцијата може да кажеме „Браво дечки го оправдавте тоа дека Сити Паб Берово е втор дом на многу од нас“. Gala Nuts 2015 со дел од асортиманот на нивни производи го поддржаа овој настан, кога почнавме со дегустација се слушаше ова е добро, ова навистина е добро. Aurora Resort & Spa ви благодариме за топлиот чај- добро ни дојде малце топол напиток во овој леден пролетен ден. Разочарување доживеа настанот заради ниту еден присутен од приватните сместувачки капацитети баш покрај Беровското езеро, за жал експлоатацијата и загадувањето е од сите нас но и од нивните гости, па според нас тие требаше да бидат помеѓу првите што ќе се приклучат и ќе ја поддржат акцијата, децидни се од Патфајндерс.

Еве дел од она што се случуваше на Беровско Езеро:

За акцијата на Патфајндерс на фејсбук

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*