Триесет и седум годишната жена која на 21 март беше пријавена за исчезната се вратила во својот дом во пехчевското село Панчарево.
-На 22.03.2021 во 22:30 во полициската станица во Берово лицето Б.Т (81) од Панчарево, пријавил дека 37 годишната (В.С) се вратила во својот дом. Претходно на 21.03.2021 истото лице пријавило дека неговата сосетка го напуштила својот дом и заминала во непознат правец, се вели во соопштението од полицијата.
Претходно жителите на Панчарево два дена трагаа по 37 годишната (В.С) која според нивните кажувања е лице со здравствени проблеми.

Leave a Reply