Масовна појава на труење животни и птици во Делчево

Масовна појава на труење животни и птици во Делчево. Појавата започнала во текот на изминатата ноќ, а како што информираше ветеринарниот доктор Николчо Стојменовски продолжила денес со труење на кучиња и гулаби.

-Околу 17:30 часот беше првиот повик и интервенција, а интервнирањето продолжи и во текот на ноќта и денешниот ден. Денес може да се забележи труење на гулаби. За жал за дел од кучињата отровот беше пресилен додека дел од нив успеавме да спасиме, рече Стоименовски.

Според Стоименовски решение за ваквата состојба е распишување тендер и склучување договор со некоја од ветеринарни станици и решавање на проблемот со третирање на болните и изнемоштени животни со стерилизација и кастрација.

Труењето е пријавено до полициската станица во Делчево, а за настанот се известени и во Општина Делчево. 

Осуда за труењето упати и делчевскиот градоначалник Горан Трајковски.

-Изразувам осуда за грозоморниот чин на труење кучиња во Делчево и ги повикувам надлежните истражни органи сериозно да ги истражат овие случаи и, конечно, сторителот или сторителите на овој грозоморен чин да одговараа согласно со законот, бидејќи станува збор за кривично дело.Не можеме да дозволиме овде во Делчево да се случува вакво масовно труење на животни, бидејќи ваквата ситуација на фрлање отров насекаде, посебно во централното градско подрачје, може да има далекусежни последици не само по безбеденоста и здравјето на домашните миленици, туку и на нашите деца и воопшто на секој граѓанин.

Ваквата состојба на фрлен отров не може да се контролира, но затоа одговорните треба да се санкционираат.Јас апелирам до граѓаните доколу имаат сознанија за сторителите да пријават во полиција, а водено општинските инспекциски служби ќе ја засилат контролата на теренот. Воедно, потенцирам дека убиство на куче не е начинот на решавање на проблемот со кучињата скитници. Проблем кој го има во секоја општина и кој се решава законски и согласно со можностите и условите на општината. Со ова не сакам да го релативизирам проблемот, но да укажам дека сериозно пристапуваме кон негово решавање, вели во својата осуда Трајковски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*