Рудник Саса бесплатно ќе обучува механичари и електричари во реактивираниот тренинг-центар

Рудник Саса бесплатно ќе обучува механичари и електричари во реактивираниот тренинг-центар. Обуката како што информират од рудникот ќе биде наменета за млади лица од 20 до 35 години, кои се заинтересирани да го зголемат своето знаење и да стекнат практични вештини од областа на електротехниката и машинството. 

-Во согласност со својата стратешка определба за континуирано вложување во областите кои се значајни за просперитетот на локалната заедница, како и во ресурсите кои обезбедуваат продолжување на работниот век на најголемиот рудник за олово и цинк во земјата, Рудник САСА го реактивира својот Тренинг центар за обука во Македонска Каменица. Новиот циклус на работа на Тренинг центарот на Рудник САСА започнува од 1-ви мај 2021 година со организација на бесплатна обука за електричари и механичари во времетраење од три месеци, информриаат од рудникот.

Обуката ќе ја изведуваат искусни лиценцирани предавачи и обучувачи од Рудник САСА и надворешни партнерски компании, а учесниците кои успешно ќе ја поминат обуката ќе добијат соодветни сертификати кои се признаени од државата.

-Со оглед на тоа што тренинг центарот на Рудник САСА поседува соодветна акредитација од Министерството за образование и наука кандидатите кои ќе покажат најдобри резултати ќе се стекнат со дополнителни поени при аплицирање за работа во рудникот САСА.  Бројот на учесници во обуката ќе биде ограничен, а наставата ќе се одвива со физичко присуство, со почитување на сите безбедносни протоколи и превентивни мерки за заштита од Ковид-19, додадоа од рудник Саса.

За учество на обуката кандидатите треба да имаат  завршено средно образование, (3 или 4 степен машинска или електро стручна подготовка), да поседуваат организаторски способности и да се прилагодливи на тимска работа. Сите заинтересирани што ги исполнуваат овие услови треба да достават лична професионална биографија и копија од дипломата за завршено средно образование на електронската адреса applications@sasa.com.mk или директно во одделот за човечки ресурси на Рудник САСА, најдоцна до 1 април годинава. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*