Здружението на пензионери Делчево денес донираше заштитна медицинска опрема за потребите на делчевскиот здравствен дом „Гоце Делчев“. Како што информираше претседателката Виолета Арсова донацијата е обезбедена од општествено одговорна фирма која сакала да помогне во насока на заштита на медицинските работници од Делечво, кои се во првите борбени редови за спречување на ширење на заразата од Ковид-19.
-Во време на пандемија секоја помош е добредојдена за здравствените работници кои се на првите борбени линии за справување со вирусот. Не можејки заради нашата возраст да се пријавиме како волонтери, решивме да им помогнеме преку собирање спонзорство за набавка на заштитна облека и да им помогнеме. Донацијата опфаќа 1000 заштитни маски 100 скафандери, 100 престилки и 450 капи, кои се надеваме дека ќе бидат од помош за вработените во здравствениот дом во Делчево, рече Арсова.

Поздравувајки ја донацијата директорката на здравствениот дом „Гоце Делчев“, Марија Глигоровска им се заблагодари на пензионерите за тоа што се меѓу најдисциплинираната категорија граѓани за почитување на мерките за заштита од Ковид-19.
-Секогаш сме соработувале со пензионерите и нивната организација. Пензионерите најмногу ни помогнаа со тоа што беа коректни и не доаѓаа во време на првиот бран на пандемијата и терапијата ја земаа телефонски во консултација со своите матични лекари. Тие се најдисциплинирана категорија која најпримерно ги прифаќа сите мерки на Владата. Голема благодарност за времето што го потрошија да ни помогнат, рече Глигоровска.

Новата претседателка на здружението која е поранешен педијатар најави понатамошна соработка со здравствените работници. Додаде дека сите пензионери се снабдени со доволен број заштитни маски кои ги штитат во време на пандемија, а за оние кои немаат набавено дополни дека со истите можат да се снабдат во Клубот на пензионери во Делчево.
Leave a Reply