Првата доза вакцини во Делчево ја примиле 40 вработени во Здравствен дом „Гоце Делчев“

Во Делчево 40 лекари од здравствениот дом „Гоце Делчев“ ја примија првата доза вакцини, со што заврши првата фаза од вакцинацијата против Ковид-19. Како што информираше директорката Марија Глигоровска, вакцинацијата поминала без несакани ефекти по лекарите кои кон за еден месец треба да ја примат и втора доза вакцини.

-Четириесет наши вработени се вакцинираа, се вакцинираа и матичните лекари и стоматолози. По вакцинацијата забележамни се лесни симптоми, слични на оние кога децата примаат вакцина, што значи дека генерално вакцинирањето помина добро. За еден месец е закажана втората доза вакцина. Остана само еден матичен лекар и гинеколог кои не влегле во системот, останатите сите се вакцинирани, рече Глигоровска.

Глигоровска додаде дека состојбата со Ковид-19 во Делчево моментално е стабилна, но препорача граѓаните и понатаму да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус.

-Оваа година дека се дојде до заклучоци дека дистанцата е многу важна исто како и носењето маски. Во јануари имавме лошо искуство, имавме тежок бран при што изгубивме млади луѓе. Ова придонесе луѓето да си седат дома извесен период. Сега повторно имаме нови случаи, но за среќа со лесна симптоматологија, без лоши наоди на белите дробови што е добро за нашиот град, додаде Глигоровска.

Во меѓувреме во корона центарот продолжува земањето анализи со вклучена терапија и евентуална изолација за пациентите со наоди за Ковид-19. За пациентите и лекарите амбулантата како што додаде доволно е снабдена со  кислород и терапија, со што евентуалниот трет бран здравствениот дом „Гоце Делчев“ ќе го дочека подготвено.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*