Ветија и остварија: Трета победа во низа на прволигашот „РК Делчево“

Она што минатата сабота го вети Гоце Стоиловски, тренер на екипата на прволигашот РК „Делчево“ се оствари. Забележана е третата победа во плеј-аут натпреварите и тоа повторно на гостински терен. Совладана е екипата на РК „Кичево“ со убедливи 31:40.

Самиот резултат покажува дека се работи за ефикасен натпревар во кој Делчевци покажаа дека екипата се враќа во препознатливата форма која во првите два натпревари недостигаше.

Со трите врзани победи РК „Делчево“ котира високо на плеј-аут табелата што значи дека нема сомнеж дека прволигашот и во следната сезона ќе продолжи онаму каде што му е местото.

Честитки до момците на кои им посакуваме уште многу вакви радости!

Во меѓувреме се потсетуваме на минатонеделната победа над РК „Ѓорче“ Петров

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*