Левица Делчево: „Нема одговорност за неотворање врата на попишувачите“

Политичката партија Левица продолжува со отворената кампања против пописот под името „Не отворам врата”. Во писмениот текст кој пристигна до нас, од Левица Делчево велат дека смешни и дрски се наводите на власта дека ова претставува анти-државен чин , посебно кога се наоѓаме во време на пандемија со која сме сведоци дека Владата безуспешно се справува.

-Покрај многуте пропусти, како во Законот за попис на населението , така и во нејасната и нецелосно дефинирана методологија, врзаниот потпис на ДУИ како гаранција за задоволување на апетитите на албанските партии преку фалсификување на реалната етничка слика- ќе ставиме акцент на секојдневното ” сеење” страв помеѓу народот, заканувајќи му се со драконски ,нереални според закон , казни. Имено , по повод засиленото заплашување на граѓаните со затворски и нереално високи парични казни ако одбијат да се попишаат, имаме потреба да ги информираме истите за реалната слика и страна на пописот, истакна модераторот на ЛО Левица Делчево – Сања Николовска

Додава дека законот за попис на населението не содржи одредба која предвидува било каква одговорност ( казнена или прекршочна) за физичко лице кое ќе им биде недостапно, односно нема да им ја отвори вратата од својот дом на попишувачите.

-Во случај граѓанинот изрично одбие да даде податоци или даде неточни податоци одговара за прекршок, за кој е предвидена парична казна во рамка од 200- 300 евра во денарска противвредност. Левица ќе организира мрежа на адвокати која ќе биде насловена ” Бранители на народот” и ќе му даваат бесплатна правна помош на секој оној кој ќе биде казнет заради тоа што не се попишал, додава модераторот на ЛО Левица Делчево – Сања Николовска

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*