Прво место на Меѓународен натпревар по ораторство за СОУ „М.М.Брицо“

Гимназијата „Методи Митевски – Брицо“ од Делчево го освои првото место на  Меѓународниот ораторски натпревар Балкански глас (Balkan Voice), кој по 4 пат се одржува во Благоевград, Р. Бугарија во организација на Best Foundation и Американскиот универзитет Благоевград.

Епитетот за најдобар на Меѓународниот настан на делчевската гимназија и го донесе ученикот Давид Михаиловски за кого беше повеќе од задоволство е да се учествува на ваквите натпревари.

-Јас сум овогодишен победник на натпреварот Балкански глас (Balkan Voices), за што сакам да искажам голема благодарност до нашето училиште и менторката Желеанка Демировска, како и до моите соученици кои исто така постигнаа огромни успеси, рече Михаиловски.

За останатите учесници од Делчево, да се биде дел од вакви настани е голем предизвик.

-Ова навистина беше еден голем предизвик за нас кој сите храбро го прифативме. Запознавме многу врсници од другите држави кои учествуваа на натпреварот и се надеваме дека понатаму ќе продолжиме да освојуваме уште поголеми успеси, рече ученичката Магдалена Георгиевска.

-Од нашето училиште учествуваа седум ученици. Најдобар беше Давид Михаиловски кој го освои првото место, а одлично се претставија и останатите ученици кои беа поделени во две категории, додаде ученичката Андреа Толевска. 

Менторот Желеанка Демирова инаку професор во делчевската гимназија додаде дека конкуренцијата била навистина многу голема со учесници од многу држави.

-Големо задоволство е да се објават резултатите од нашето учество во престижниот интернационален натпревар по ораторство Balkan Vоices 2021 организиран од Best Foundation и Американскиот Универзитет Благоевград. Овој пат го освоивме првото место на натпреварот. Конкуренцијата беше навистина многу голема со учесници од многу држави. Самиот влез во натпреварот кој беше замислен како турнир, претставување со рунди од говори, беше предизвик, земајќи во предвид дека стотици апликации од училишта не ги задоволуваа високите стандарди поставени од организаторот.
Подготовката беше прилагодена според условите во кои се наоѓаме т.е он-лајн и неколку пати со физичко присутво во училиштето. Понатаму го користевме Microsoft Teams, Zoom. Натпреварот со рундите беше спроведен преку Discord, што исто така се користеше за вмрежување и меѓусебна интеракција.

Сите седум учесници од нашето училиште беа поготвени за прилично кратко време и се покажаа со одлични перфоманси на своите говори како за време на подготовките така и на самиот натпревар. Судиите беа ангажирани од фондацијата и од универзитетот но и од преставништвото од САД, со тоа што на изненадување наше се прикажаа дури на објавувањето на резултатите – универзитетски професори во САД, познати имиња во науката и публикациите.

Како ментор на моите ученици, премногу сум задоволна од настапот на учениците, од нивната работа и посветеност како и од организацијата на натпреватор. Нашата работа ќе продолжи понатаму за учество во ораторски меѓународни натпревари.

На Интернационалниот натпревар по ораторство Балкански глас (Balkan Voices) 2021 учествуваа учесници од Србија, Бугарија, Македонија, Романија, Албанија и Косово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*