Со 48 крвни единици успешно реализирана крводарителска акција во Делчево

Во Делчево продолжи надополнувањето на резервите со крв за потребите на Институтот за трансфузиона медицина кој со Општинската органзиација на Црвен крст, заеднички ја реализираа априлската крводарителска акција. Граѓаните масовно се одзваа на акцијата во чии рамки како што информираа од делчевскиот Црвен крст беа собрани 48 крвни единици.

-Задоволни сме од денешниот одзив на граѓанството кои и во услови на пандемија ја изразуваат хуманост со што помагаат на многу категории граѓани кои имаат потреба од оваа течност. Како организација задоволни сме и од фактот што од почетокот на годината досега бележиме зголемување на бројот на крводарители во однос на минатата година, рече Ивана Атанасовска од делчевскиот Црвен Крст.

Во рамки на акцијата покрај редовните учествуваа и крводарители кои за прв пат ја подадоа раката и подарија од животворната течност.

-Ова ми е првпат како дарувам крв. На почетокот имав одреден вид на дилема што и како ќе биде но по дарувањето се чувствувам одлично, истакна крводарителка од Делчево.

Претседателката на Црвен крст Делчево Билјана Герогиевска додаде дека исто како и претходните и денешната акција се одвивала со почитување на сите мерки за заштита од Ковид-19.

Апелираше до крводарителите и понатаму да даруваат крв и ги повика и помладите да се вклучат во идните акции секој прв четврток во месецот, со тоа што напомена дека акциите се безопасни, без било каква можност за зараза од ковид-19. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*