Во Делчево без проблеми тече вакцинацијата против Ковид-19

Во Делчево без проблеми тече вакцинацијата против Ковид-19. Директорката на делчевскиот здравствен дом „Гоце Делчев“ информира дека пријавените граѓани доаѓаат навреме и очекува во најдобар ред да се вакцинираат предвидениот број лица за вакцинирање.

-Денеска почнавме со вакцинација против Ковид-19 вирусот. Имаме спремни екипи, организирано е како што треба, се држи дистанца, имаме медицински сестри надвор да се одржува ред. Нема застој тие што ќе стигнат пред време чекаат на растојание, се држи дистанца. Досега сите што се закаѓани се вакцинирани, тоа се луѓе над 77 години. Се оди во ред како што треба, истакна Глигоровска.

Во здравствената станица во Македонска Каменица како што додаде директорката вакцинацијата започнува во попчадневните часови.

-Поради смена на лекарите во Македонска Каменица со вакцинација почнуваме од 15 часот. Поради тоа што немаме доктор на вакциналниот пункт таму ќе се врши вакцинација попладне. Вкупно 100 лица кои се пријавени кај своите матични лекари ќе вакцинираме во Македонска Каменица, додека во Делчево ќе бидат вакцинирани 200 лица, додаде Глигоровска.

Пензионерот Митко Стоиловски по примањето на вакцината истакна дека добро се чувствува и порача и останатите да го сторат тоа.

-Јас сум од Габрово. Кога седиме кога правиме муабет ме прашуваат зошто се вакцинираш. Јас им велам ќе ставам вакцина, каква е таква е и порачувам да стават сите, оти тоа не е само во Македонија, вакцина ставаат во цел свет, истакна пензионерот Стоиловски Митко.

Делчевецот Ѓорѓи Тасевски додаде дека медиумите делуваат збунувачки во однос на вакцинацијата, но и покрај тоа решил да се вакцинира.

-Малку опортуно делуваме, не збунуваат на телевизија. Сега кажаа Америка ја исфрла АстраЗенека, а ние едвај чекаме некој да ни даде нешто. Малку е контрадикторно, но и покрај тоа ја примив вакцината, па како ќе биде понатаму ќе видиме, истакна Ѓорѓи Тасевски, пензионер од Делчево кој денеска ја прими вакцината против Ковид-19.

Од делчевскиот здравствен дом додадоа дека со вакцинацијата ќе бидат опфатени 300 лица од Делчево и М.Каменица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*