
На 07.04.2021 во 19.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосница од ул.„Ленинова“ и ул.„4-ти Јули“ во Струмица, патничко моторно возило „нисан“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Ч.(18) од Струмица, удрило во пешакот В.Б.(20) од с.Русиново, беровско.
Во незгодата, В.Б. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Струмица. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.
Leave a Reply