
Фудбалска битка за врвот во недела не очекува на Градскиот стадион во Делчево. Со почеток во 13:00 часот се игра дербито на колото во Третата фудбалска лига Исток помеѓу екипите на Брегалница и Детонит кои со по 35 бодови се наоѓаат на челната позиција на табелата.
Единаесетте голови кои Детонит ги постигна против екипата на Спартмани засега и носат мала предност во однос на гол разликата на табелата, но делчевци не се преоптоваруваат со тој факт, бидејки допрва играат со овој противник. Во однос на неделното дерби имаат респект кон противникот од Радовиш и според она што досега го гледавме на домашен терен се очекува максимален пристап кон натпреварот и задржување на бодовите во Делчево.
Поради пандемијата гледачите нема да бидат во можност да го проследат натпреварот на Градскиот стадион, но затоа во живо ќе можат да го проследат на фан страната на www.delcevo365.mk – Вашата онлајн читанка.
Следете не и очекувајте добар фудбал!

Leave a Reply