
Ракометниот клуб „Делчево“ ја презеде лидерската позиција на прволигашката „плеј-аут“ табела, откако ја забележа четвртата победа во низа против екипата на РК „Партизан“ од Гевгелија со 37:30.
Победата беше најавена уште во првото полувреме кое домаќините го добија со 21:13, а тренерот Гоце Стоиловски изрази задоволство што екипата влегува во посакуваниот ритам пред натпреварот со Текстилец кој е последен во првиот дел од плеј-аут натпреварите во Првата машка рамоетна лига.
-Добро се движиме, четврта победа во низа, се надеваме дека и во следното коло ќе прикажеме добра игра и против Текстилец Штип што ќе биде петта победа во низа. Се надеваме дека ќе бидеме комплетни пред се, здравствениот билтен на играчите ќе биде во ред и дека ќе одиграме добар натпревар, рече Стоиловски.

Претходно делчевските ракометари ги совладаа екипите на Риниа, Ѓорче Петров и Кичево а од почетокот на плеј-аут натпреварите прволигашот од Делчево загуби од тимовите на Борец и Преспа.

На прволигашката табела делчевци поради подобар гол биланс се први со 12 бодови, исто колку што има и екипата на Преспа, додека веднаш зад нив се екипите на Борец и Текстилец.

Leave a Reply