
Во организација на здружението Патфајндерс се реализираше еднодневна хајкинг тура до врвот Ченгино Кале на 1760 метри надморска висина.
-Целта на активноста е презентација на истокот кој плени со својот раскош, водопадите, шумите, отворените пасишта, кои се пребогати со историја за границата и изворот на Брегалница, истакнаа од Патфајндерс.
Турата како што додадоа се реализирала во должина од 22 км.

-Ченгино кале е најисточната точка на Македонија во денешните граници. Висок е 1760 м.н.в и таму се сместени изворите на Река Брегалница која е најголемата лева притока на Реката Вардар. Се надеваме дека понудивме прекрасна тура која помина во добро друштво, каде сите дојдоа со насмевка, а се вратија со прекрасни спомени и добро поминат ден, додадоа орагнизаторите.
Во продолжение ви доловуваме како изгледаше денешната хајкинг тура по Малешевските планини.
Leave a Reply