Митрополитот Брегалнички г.Иларион одржа света божествена литургија во Делчево

Митрополитот Брегалнички г.Иларион денес во соборниот храм „Св.Кирил и Методј“ во Делчево одржа божествена литургија на која во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво и делчевското свештенство, пред верниците во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден истакна дека преку крстот дојде Воскресението и општото воскресение и спасение на човечкиот род.

-Бог на никого не му наметнува спасение, туку со својата милост не чека да се покаеме, да се одбраниме, да не прими да не пренесе во прегратките на својот отец, да не врати и возбнови, покажувајки ни го својот пат кон Воскресението, давајки ни живот вечен и радост, рече г.Иларион.

Се осврна и на искушението пред кое како што рече се исправени верниците.

-Нека ни даде сила и трпение да го издржиме и ова ново искушение кое е создадено во светот, кое е против нас, а заради нас, затоа што отстапивме од Бога и заборавивме на милоста Божја, затоа што Бог го допушти да се вразумиме и сетиме дека не можеме да живееме без Бога, порача владиката од Делчево.

Божествената литургија во Делчевосе одржа пред мал број верници и со почитување на мерките за заштита од Ковид-19.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*