
Придржувајки се на мерките за заштита од Ковид-19, Планинарскиот спортски клуб ,,Голак”, денес продолжи со активностите за промоција на малку познати но атрактивни локалитети кои се наоѓаат на подрачјето на областа Пијанец.
-Денес, членови на ПСК ,,Голак” Делчево (придржувајќи се на мерките за КОВИД 19, односно движење во мали групи, со растојание како и носење маски каде е потребно), по идеално сончево време со +16 целзиусови степени, голема видливост и максимално позитивна енергија, реализиравме една планинарска тура.

Започнавме од приградското село Ѕвегор 650 м. – Габите 822 м.- Илин Камен 852 м. – Чутурски Рид 1081 м. – Врв Борова Могила 1219 м. (граничен камен 70 СФРЈ) на границата со Бугарија на планината Влаина (Општина Делчево – област Пијанец), истакна претседателот на клубот Љупчо Чучуковски.
Должина на патеката во двата правци изнесувала 19 километри.
Leave a Reply