Видео: Како мајсторите на својот занает приготвуваат “коливо” на домашен делчевски начин!

Марјанчо Велиновски е делчевска легенда во угостителството. Кога тој ќе ве услужи на маса, услугата мора да биде врвна.

Како мајстор на својот занает Велиновски и во услови на Ковид-19 ништо не препушта на случајноста.

Во видеото во продолжение Велиновски ќе ни ја долови делчевската трпеза за време на ,,коливо”!

Коливото во делчевско е традиција која го собирала семејството заедно. Таквата традиција пред неколку години го инспириташе режисерот Андреј Илиевски Волкашин во делчевското село Град со реномирани глумци од Македонија меѓу кои Лабина Митевска, Дејан Лилиќ и други, да сними краткометражен филм со наслов Коливо, филм кој освои голем број награди на реномирани светски фестивали.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*