Во Делчево реализирана хуманитарна акција за помош на пензионери со ниски приходи

Во Делчево реализирана хуманитарна акција за помош на повозрасната категорија граѓани со ниски приходи. За таа цел доделени се прехранбени и хигиенски пакети наменети за пензионери кои живеат во социјален ризик. Иницијатор на хуманитарната акција е Здружението на пензионери и истата се реализира со поддршка на Општина Делчево и Општинската организација на Црвениот крст Делчево.

Претстедателката на Здружението на пезнионерите, Виолета Арсова, истакна дека акцијата е во насока да се помогне на семејствата на пензионерите. 

-Изразувам благодарност до градоначалникот и Општина Делчево за перманентната поддршка што ја добива Здружението, посебно во оваа прилика, кога донираме на најсиромашните пензионери. Денеска со акцијата беа опфатени 10 пензионери од Делчево, кои сме ги евидентирале, а со наредна акција ќе се опфатат и другите пензионери, рече Арсова. 

Соработката меѓу Општина Делчево и Црвениот крст во Делчево се добар пример за институционална соработка која значи помош за најранливите категории, истакна Ивана Ангеловски од Општинската организација на Црвен крст во и додаде дека како резултат на оваа соработка, изминатава година во Делчево се поделени над 40 пакети на социјално загрозени семејства.

Градоначалникот Трајковски кој учествуваше во дистрибуцијата на хуманитарните пакети потенцираше дека Општината е перманентно активно вклучена во хуманитарни акции за помош на ранливото население.

-Соочени со актуелната пандемија со која живееме една година и која најмногу удира на ранливите категории граѓани, но и во пресрет на верските празници Велигден и Рамазан-Бајрам, одлучивме да се вклучиме во хуманата мисија на иницијатива на Здружението на пензионерите и да помогнеме на пензионери од нашата Општина кои имаат ниски приходи, но и да им покажеме дека не се сами дека бараме начини да им помогнеме од секој аспект на живеењето, рече Трајковски. 

Во наредниот период хуманите граѓани и фирми во Делчево ќе имаат можност да ја покажат својата хуманост во рамките на Неделата на хуманоста која ќе ја организира Црвениот крст на РСМ. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*