
Млади активисти од Локалниот младински совет потпомогнати од волонтери од Делчево ги мапираа посточеките диви депонии на планината Голак. Акцијата како што информираше активистот Борче Димитровски се реализираше во рамки на настанот „Со срце за Голак“.
-Акцијата помина во една позитивна атмосфера, заради што им се заблагодарувам на сите кои дојдоа и помогнаа да се мапираат тие постоечки депонии. Со оваа активност сакаме пред се да ја подигнеме свеста за чистата животна средина во градот и пошироко, истакна Димитровски.

По мапирањето, во наредниот период, како што додаде Димитар Постоловски од Локалниот младински совет, предвидена е акција за дислоцирање на постоечкиот отпад од лоцираните мини депонии.

-Најпрвин благодарност до Пиљара Фрути за освежувањето кое го подготвија за учесниците во акцијата ,,Со срце за Голак”. Следната акција ќе се реализира во соработка со општина Делчево, станува збор за голема еколошка акција за дислоцирање на собраниот отпад од мапираните диви депонии, заради што ги покануваме сите заинтересирани граѓани да ни се придружат во овие активности за почиста животна средина, додаде Постоловски.

Делчевските млади очекуваат со најавената изградба на Регионална депонија дел од овие проблеми да бидат решени и притоа посочија дека и самите граѓаните треба да ја завршат својата граѓанска должност за унапредување на чистотата во своето место на живеење.
Leave a Reply