Во делчевското село Габрово заврши изградбата на крак од фекалната канализација

Во делчевското село Габрово заврши изградбата на крак од фекалната канализација, со што целосно ќе се заокружи системот за отпадните води во ова село. Со интервенцијата, како што информираа од Општината се решава проблемот со отпадните води на 25 семејства од ова делчевско село.

-Кракот од фекалната канализација е во должина од 250 метри при што се поставуваат соодветни цевки и изградени неколку шахти долж канализационата мрежа. Проблемот со отпадните води со изградбата на фекалната канализациона мрежа со овој зафат трајно е решен, истакнаа од Општината.

Во рамки на завршните работи при извршениот увид, градоначалникот Горан Трајковски додаде дека реализацијата на проектите продолжуваат со забрзана динамика.  

-Влогот во развој и унапредување на инфраструктурата е влог во услови за подобар живот во секое наше населено место и во оваа насока се продолжува да се работи и во наредниот период. Реализацијата и на овој инфраструктурен проект значи подобар квалитет на животот на граѓаните. Во соработка со ЈКП „Брегалница“ и согласно со Годишната програма за работа и барањата од граѓаните, работиме на изградба на фекални канализации во делови од населени места, каде досега не беше изградена канализација, рече Трајковски.

Претходно како што дополни, интервенции на фекалната канлизациона мрежа се реализираше и во селото Ѕвегор, каде во Горно Маало се реализирани градежни работи во должина од 150 метри. 

Приликата Трајковски ја искористи да ја најави изградбата на крак од фекална канализација и во населбата Стрелиште, како и на влезот на Делчево кон селото Ѕвегор, активност која се реализира за потребите на новоизградените стопански субјекти.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*