ЖФК „Каменица Саса“ подобра од Тиверија во женскиот фудбалски Куп на Македонија

Екипата на ЖФК „Каменица Саса“ се пласираше во полуфиналето од женскиот фудбалски Куп на Македонија, откако на градскиот стадион во Македонска Каменица со 3:1 ја победи екипата на ЖФК „Тиверија“ од Струмица.

Во реприза на првенствениот натпревар од пред неколку дена, кој каменичанки го добија со минимални 1:0, денес домаќинките беа попрецизни, па така со трите погодоци на Ана Димитровска, Драгана Костова и Ленче Андреевска и уште еднаш ги израдуваа своите фанови, кои поради ковид-пандемијата не можеа да присуствуваат на стадионот за да ја прослават победата на своите миленички. 
Стрелецот на првиот погодок Ана Димитровска истакна дека иако Тиверија уште еднаш покажала дека не е лесен противник, во домашниот табор не се сомневале во заслужениот триумф над Струмичанки.

-За последните две победи против Струмичанки, да, не се лесен противник, но нашиот тим е поквалитетен во секој поглед, така да не се ни сомневавме во нашите победи против нив, рече Димитровска.

Додаде дека е рано да се зборува за двојна круна. Среќна е за победите и дополни дека екипата работи напорно за да биде подготвена на секој иден натпревар. 

-Има уште 8 кола до крајот на сезоната, поради што уште не мислиме на титула и куп трофеј. Се трудиме да бидеме концентрирани и фокусирани на секој натпревар, така и ќе остане до крај на првенството, додаде Димитровска.

Каменичанки се актуелен првак на Македонија во женски фудбал поради што минатата сезона го имаа и првото учество во женската Лига на шампиони.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*