Иницијативниот одбор ги започна активностите за формирање Локално собрание на млади во Делчево

Во Делчево одржан првиот работен состанок со Иницијативниот одбор како дел од активностите за формирање Локално собрание на млади во Делчево. Милица Стојковска, службеник за млади информираше дека на средбата присутните разговарале за улогата и задачите на Иницијативнот одбор и нивната соработка со Општината, како дел од креирањето на Младинскиот совет.

-По направените измени во Статутот на Општината за формирање на Локален младински совет согласно законските одредби следен чекор беше распишувањето на Јавен повик за формирање Иницијативен одбор за конституирање Локално собрание на млади за избор на членови на Локален младински совет.  Ова воедно се и насоки добиени од Агенцијата за млади и спорт преку кои се пристапува кон формирање на Младински совет кој ќе има советодавна и застапувачка улога од делокругот на младиниските прашања и младинските политики, рече Стојковска.

Додаде дека во следен чекор на иницијативниот одбор заедно со Општината е да распише Јавен повик за членство во Локалното собрание на млади кој ќе биде отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои  имаат активности на територијата на Општина Делчево и ги исполнуваат критериумите превидени во повикот. 

-Избраните делегати на Локалното собрание на млади ќе бидат поканети од Иницијативниот одбор да учествуваат на конститутивната седница, со која ќе заседава ИО заедно со одговорното лице на Општината. Повикот ќе биде објавен на веб-страницата на Општината и ќе биде достапен за сите млади, ќе се сподели на повеќе јавни места, на социјалните мрежи на Општината, до медиумите и до засегнатите чинители (форми на младинско организирање, додаде Стојковска.

Марија Дончевска, претставникот на Клубот на млади при Црвен крст Делчево очекува формирањето на Младинскиот Совет да придонесе за многу младински иницијативи за подобар живот на младите како и многу проекти кои ќе придонесат за подобар развој на општината.

По иницијатива на претходниот Младински совет регулиран со претходниот закон за млади и младински политики, како што додаде Џулиета Мемедова од ЕЛС Делчево, донесена е одлука за проектирање и изградба на скејт-парк кој ќе можат да го користат младите со што според Мемедова ќе им се подобри квалитетот на живеење.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*