Одбележан јубилејот 60 години – СОУ „Методи Митевски – Брицо“ Делчево

Со почитување на мерките за заштита во Делчево одбележани 60 години од почетокот на средното образование во Делчево како дел од јубилејот 60 години постоење на Средното општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“. На долгите години поминати во училиштето со гордост се сеќава Фиданчо Костадиновски, професор по физичка култура кој од 2004 година е во пензија. 

-Јас дојдов во Делчево во гимназијата „Методи Митевски – Брицо“ во 1955 година. Во гимназијата работев се до 2003 година кога се пензионирав. Како професор по физичка култура, тогаш се залагав да биде набавена основната опрема во спортската сала која подоцна се изгради. Од оваа гимназија излегоа ученици од нашите генерации кои се одктори, магистри, професори на универзитети, политичари. Оваа гимназија многу дала во тој поглед, истакна Костадиновски.

Сметајки дека огромна е разликата во одвивањето на воспитно-образовниот процес тогаш и сега, порача на помладите генерации да соработуваат со колективот бидејки, само на тој начин според него ќе има напредок во самата установа. Како професор по физичка култура на младите им порача почесто да спортуваат и да имаат меѓусебна почит.

-На учениците им препорачувам повеќе да се ценат, на професорите им посакувам повеќе практична работа и методика, особено по физичка култура. Програми постојат и тие програми треба да се спроведат. Значи ум во во глава, послушност кон тие што знаат и се ќе биде во ред. За секојдневното спортување секој е свесен дека во ова стресно време мора да го прави, додаде Костадиновски.

Делчевската гимназија 60 годишното постоење го одбележа со положување свежо цвеќе пред бистата на патронот Брицо, пред која ученици и професори од делчевската гимназија со директорот на училиштето, Љупчо Прачковски, како и делегација од Општина Делчево, предводена од градоначалникот Горан Трајковски и претставници од институции и здруженија на граѓани му оддаде голема почит на ликот и делото на Брицо. 

Директорот на гимназијата Љупчо Прачковски пре дрисутните истакна дека училиштето денес е модерна образовна установа која ги следи сите актуелни новитети во поглед на унапредувањето на воспитно-образовниот процес. 

-Прославувањето на јубилејот–60 години од постоењето, нè обврзува да продолжиме со уште поголема ангажираност и вложување во работата за постигнување на уште поголеми резултати во воспитно-образовниот процес. 60 години постоиме и нашите амбиции и стремежи се секогаш насочени кон понатамошно растење, кон напред, кон подоброто, кон поубавото, кон иднината, истакна Прачковски. 

Градоначалникот Трајковски  честитајќи го патрониот празник истакна дека јубилејот на Средношолскиот училишен центар во Делчево е своевиден празник за целито град.

-Да се испишува воспитно-образовна традиција долга 6 децении, значи и многу потрошени училишни дневници, многу испишани тетратки и прочитани книги, генерации и генерации ученици кои излегле од овде, но и многу познати имиња на професори кои оставиле свој белег во растот и развјот на училиштето. Во овие 60 години, од овде излегле ученици кои во својата професија станале успешни и познати и давале придонес во целокупниот општествено- политички, економски и научен систем во државата и тоа е, всушност, успех и потврда дека СОУ „М.М.Брицо“ има успешна формула да едуцира, воспитува, гради и создава млади луѓе подготвени да се фатат со предизвикот на времето во кое живеат, рече Трајковски. 

Поради актуелната пандемија, беа изоставени планираните активности, но дел од предвидената програма подготвена од учениците, беше спакувана во видео-прилог.

Почетокот на приказната на делчевската гимназија е во далечната 1961 година кога училиштето започнува да работи како првата гимназија „Браќа Миладинови” во градот. Во 1963 година го добива името на првоборецот од НОВ од Делчево, Методи Митевски Брицо, кој е исклучително заслужен за повоениот развој на ова заостанато подрачје.

Видео од денешното одбележување во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*