Мини саемот за книги во Јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево збогатен со нови наслови

Мини саемот за книги во Јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево збогатен со нови наслови. Покрај постоечките ,,Просветно дело” Арс Ламина и Антолог, како што информираат од библиотеката, свои дела изложи уште една издавачка куќа.   

-Станува збор за издавачката куќа „Знаци на времето“од Скопје. Меѓу новите наслови кои ќе им бидат на располагање на читателите ќе ги издвоиме „Патот кон Христа“,„Вера зад бодликавата жица“, „Темели на среќниот дом“, „Совети за животот и исхраната“„Новиот Завет“ и „Археологија на Библијата”, истакнаа од библиотеката.

Додадоа дека досега мини-саемот на книги ја заинтересирал читателаката публика од Делчево. 

-Интересот е голем имајки предвид дека се реализира во време на пандемија. Ова значи дека заинтересираните ги почитуваат мерките за заштита, со задолжително носење на заштитни маски и држење растојание, додадоа од ЈЛБ ,,Илинден”.    

Саемот ке трае до 30 април секој работен ден и истиот се реализира како дел од одбележувањето на 23 Април – Светски ден на книгата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*